Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ се одржа онлајн состанок помеѓу претставници од четирите Истражувачки и аналитички центри (ИАЦ) на најголемите политички партии во земјава со меѓународниот консултат за јавни политики Лолита Цигане од Летонија, на која се разви енергична дискусија за зајакнување на истражувачките капацитети на центрите, имплементација на препораките, охрабрување и продлабочување на општи аналитички вештини, како и зголемување на визибилноста на нивната истражувачка работа.
Препораките беа во правец на подобро меѓусебно разбирање, прифаќање и интеграција на ПИАЦ во структурите на политичките партии и преземање чекори како раководството на политичките партии повеќе да ја разбира улогата и потенцијалот на центрите.
Неопходно е градење консензус помеѓу ПИАЦ и комуникациските тимови на политичките партии, а крајна цел е вредноста на податоците и истражувањето на центрите, како корисна алатка, која може да послужи за меѓусебно разбирање, прифаќање и интеграција на ИАЦ во структурите на партиите.
Конечно, ПИАЦ треба да се охрабрат да истражуваат повеќе можности за анализа на политиките, вклучително и преку меѓународни примери, и најсовремена употреба на податоци. Во претстојниот период потребни се обуки, градење сојузи за да се зајакне нивната позиција во политичките партии.