Повик за учесници на Академијата за јавни политики

Млади од политички партии

  1. Осврт

„Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Главната цел на проектот е да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси со кои се олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите да ги изберат своите претставници и да ги повикаат истите на одговорност.

Активностите на проектот целат кон остварување на три главни резултати:

  • Резултат 1: Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.
  • Резултат 2: Внатрешно демократизирани политички партии кои застапуваат граѓански ориентирани политики и изборни програми.
  • Резултат 3: Зајакнати граѓани ги повикуваат политичките партии и избраните функционери на одговорност.

Корисници на проектот се органите за спроведување на изборите на сите нивоа; владините институции како што се Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за статистика, институцијата Народен правобранител, Државниот завод за ревизија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда; политичките партии, граѓанските организации, гласачите и граѓаните.

Проектот започна со имплементација на Главната фаза 1 во август 2019 година и се очекува да заврши во јуни 2023 година.

 

За Академијата за јавни политики

 

Академијата за јавни политики претставува единствена можност за младите членови на политичките партии да станат модерни лидери, кои своите одлуки ги темелат на докази, кои се залагаат за своите идеи и кои ефективно комуницираат. Академијата претставува едногодишна, разновидна, сеопфатна и интензивна програма за развој на политиките и можност за доближување до заедниците преку следниве компоненти:

 

  • Обуки и работилници;
  • Тематски дебати и дискусии;
  • Насоки и обуки за изработката на краток документ за јавни политики;
  • Имплементација на индивидуални проекти/Иновативни иницијативи;
  • Промоција и презентација на финалниот производ (документ за јавни политики).

 

Преку сеопфатната програма на Академијата, учесниците ќе бидат подучувани од врвни меѓународни консултанти од земјата и странство со докажана експертиза во политиката. Академијата ќе обезбеди форум за размена на идеи и дискусии со различни стручњаци кои имаат практично искуство во различни сфери на политичкиот живот во земјата и на меѓународно ниво.

 

Врз основа на искуството и научените лекции од првата генерација на Академијата за јавни политики која започна во 2020 година со претставници од 9 политички партии кои поминаа низ интензивна програма за развој на политиките заснована на докази, втората генерација ќе има можност да учествува во проширената програма која ќе комбинира теоретско и практично знаење и вештини.

 

  1. Цели на повикот

 

Целта на овој повик е да се поканат заинтересираните кандидати, членови на подмладоците на политичките партии да се пријават и да бидат дел од престижната Академија за јавни политики поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

 

Со цел да бидат сертифицирани, сите избрани кандидати, мора да бидат посветени во текот на целиот процес и во сите компоненти на програмата, вклучувајќи:

 

  • Активно учество во сите фази на програмата на Академијата
  • Изработка на Документ за јавни политики;
  • П​резентирање на Документот за јавни политики во рамките на партијата и на јавни расправи со надворешната публика, односно со различните засегнати страни и пошироката јавност;
  • С​проведување на мали проекти/Иновативни иницијативи на теми поврзани со Документот за јавни политики.

Забелешка: За спроведување на иницијативата, учесникот во Академијата ќе биде финансиски поддржан од Проектот.

 

Што ќе добијат учесниците во Академијата за јавни политики?

  • Материјали за обука, документи и разни анализи и документи за јавни политики за надополнување на знаењето и искуството споделено од страна на различни експерти и обучувачи (домашни и меѓународни);
  • Менторство и индивидуална поддршка во подготовката на документите за јавни политики фокусирани на решавање на потребите на граѓаните во пресрет на претстојните локални избори;
  • Можност за промовирање на политиките преку презентации пред граѓаните и во самата политичката партија;
  • Можност за индивидуален развој на кариера како политичар или иден лидер за унапредување на знаењето, но и за вмрежување, дискутирање и споделување на идеи со колегите политичари од политичките партии во земјата;
  • Финансиска поддршка за имплементација на иновативна иницијатива за спроведување на истражување за изработените политики и/или можните решенија за идентификуваните проблеми и тестирање и/или промовирање на политиките во засегнатата заедница;
  • Членство во алумни програмата на проектот „Поддршка на изборните реформи”;
  • Признание од Швајцарската амбасада преку сертификат за учество;
  • Како дел од алумни програмата, можност да се биде дел од регионални настани со млади лидери, но исто така да се учествува во меѓународна размена и студиска посета на земји кои спроведуваат слични политики, процеси и активности во заедницата;

 

  • Временска рамка

Спроведувањето на горенаведените активности ќе се одржи од февруари 2021 година до септември 2021 година.

 

  1. Квалификации и услови:

 

  • Потребно е да сте член на подмладокот на вашата политичка партија;
  • Да сте идентификувале прашање на локално ниво кое вие ​​и/или вашата партија би сакале да го решавате или истражувате, во пресрет на претстојните локални избори;
  • Да имате универзитетска диплома по политички науки, општествени науки и слично, или да сте студент во последната година од вашите студии;
  • Да сте силно мотивирани да ги зајакнете вашите индивидуални вештини и компетенции за развој на политиките и да ја искористите можноста за доближување до различните заедници.

 

  1. Постапка за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да испратат:

  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо (до 1 страница)
  • Препорака потпишана од член на раководството на партијата на локално или централно ниво

 

Целосната документација за аплицирање треба да се испрати на следнава адреса на е-пошта: applications@nms.org.mk најдоцна до 11 јануари 2021 година, 23:59h.

 

Прашања?

Доколку имате прашања во врска со Академијата и/или процесот на аплицирање, контактирајте ја Елена Димовска на elena.dimovska@nms.org.mk.

 

Белешка: Спроведувањето на активностите на Академијата за јавни политики ќе ги следи насоките и препораките на владата и здравствените власти во врска со пандемијата КОВИД-19.

Галерија