ПОВИК ЗА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР ЗА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА НА ИЗБОРНИТЕ РЕФОРМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Uncategorized

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМ отвора повик за проектен координатор.

 

I Основни податоци за проектот:

Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.

Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.

Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.

Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани

Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ

Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ

Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.

 

II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Проектен координатор

Проектниот координатор ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

 

Клучните обврски ќе вклучуваат:

  • Координирање на активностите поврзани со програмата за градење на капацитетите на Академијата за јавна политика;
  • Надзор и поддршка на Координаторот за грантови во спроведувањето на грант-шемата наменета за мобилизаторите на заедницата, како и политичките подмладоци;
  • Обезбедување поддршка на канцеларијата на ИФЕС во земјата во спроведувањето на Студиската посета на политичките подмладоци преку придонес за избор на кандидати и дефинирање на најдобрата практика за Студиската посета;
  • Обезбедување поддршка на експертот за информирање на локалните заедници при имплементација, следење и проценка на резултатите од јавните расправи;
  • Координација и организацијата на јавни расправи;
  • Обезбедување поддршка и координација на работата на локалните експерти одговорни за дизајнирање и спроведување на програма за градење на капацитети за мобилизатори во заедницата;
  • Обезбедување поддршка на експертот за координирање на менторите и осигурување на редовно ажурирање на мониторинг матрицата;
  • Координирање на работата на Локалните експерти одговорни за развој на мониторинг матрицата, а во врска со ветувањата на владата на централно и локално ниво;
  • Организација на настани посветени на презентација на резултатите од мониторингот на централно и локално ниво;
  • Координација на работата на компанијата одговорна за обука на мобилизаторите во заедницата за видео продукција и мониторинг;
  • Прегледување и одобрување на сите испораки и извештаи што треба да се достават до канцеларијата IFES и осигурување дека квалитетот на испораките и извештаите доставени до IFES се во согласност со релевантните упатства, TOR и стандарди за квалитет;
  • Обезбедување на точно и навремено доставување на редовни извештаи за напредок на активност и финансиски извештаи;
  • Следење и контрола на средствата на проектот, одобрување исплати на проектот според договорениот план за работа.

 

Квалификации:

  • Завршено високо образование
  • 5 години работно искуство во координација и управување со комплексна работа на проекти;
  • Познавање во областа на мобилизацијата на заедницата и сеопфатно разбирање на шемите за управување со грантови;
  • Искуство во имплементација на проекти финансирани од програми за Меѓународна поддршка и развој;
  • Искуство во регрутирање, управување, водење и мотивирање на членови на персоналот и експерти;
  • Искуство во пишување извештаи, следење и евалуација на проектите;
  • Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за добра соработка и за навремена работа.

 

ШТО НУДИМЕ?

Позитивна работна средина

Простор за професионална и лична надградба

Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи

Флексибилно работно време

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно) во канцеларијата на НМСМ     .

Почетна плата: 27.000,00 денари нето.

 

III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

  • CV на англиски јазик (PDF)
  • Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)


IV НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Интервјуата ќе се спроведат онлајн на платформата ЗООМ.

 

Целосната апликација да се ​​испрати на следниот мејл: applications@nms.org.mk со наслов на пораката Проектен координатор _ (име и презиме), најдоцна до 01.08.2021, 23:59h.

 

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот

** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот

 

Галерија