Нашето здравје е еден од најважните приоритети

Јавни настани, Мобилизатори на заедницата

Колку е висока свеста и кај нас и во светот за важноста на вакцините во превенција на инфективните заболувања? Како да се намали влијанието на дезинформациите, кои ги колебаат луѓето во поглед на имунизацијата? Дали вакцините се наша најдобра имунизација и заштита? Како да се зголеми степенот на имунизација и да се намали загрозувањето на јавното здравје?
На овие актуелни прашања, преку експлицитни слајд презентации дадоа одговори експерти од областа на медицината на конференцијата „Имунизирај се“, иницијатива, имплементирана од мобилизаторката Мила Младенова.

Таа изминативе осум месеци мобилизираше сограѓани преку социјалните медиуми, организираше герила активности, креираше видеа и корисни материјали со едукативна и информативна содржина се со цел да ја подигне свеста кај луѓето да се вакцинираат и да ги победат невидливите ризици. Иницијативата „Имунизирај се!“ е дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“.

Во воведното обраќање, студентката по медицина и домаќин на конференцијата, Младеновска, алармираше дека само 38 проценти од вкупното население во нашата земја е вакцинирано со две дози.

sdr

Историјата памети голем број смртоносни пандемии, кои биле искоренети со колективна имунизација. „Зошто тогаш денес, кога живееме во современо општество и кога степенот на наобразба е далеку поголем од минатото, дел од луѓето се колебаат и живеат со доза на скептицизам во однос на вакцините?“, беше појдовната точка во презентациите на експертите: проф. д-р Снежана Стојковска, инфектолог, проф. д-р Катерина Ставриќ, детски имунолог, доц. д-р Мери Киријас, имунолог и д-р Стефан Василевски, поранешен национален консултант за управување со вакцини и набавки.

Единствен начин да се справиме со пандемијата е вакцината, во спротивно, не само што ќе се оддолжи светската здравствена криза, се повеќе ќе се наруши и менталното здравје, особено кај децата во развој. Заштитувајќи се себеси ги заштитуваме и другите, особено повозрасните категории на луѓе. Само со подигање на колективната свест и алтруизмот можеме да се справиме со невидливиот непријател.

Галерија