Како се спроведуваат изборните ветувања од страна на единиците на локалната самоуправа? Разгледајте ја нашата матрица за мониторирање, во рамките на која 25 активни граѓански организации ја следат имплементацијата на конкретни теми/ветувања од Локалните избори во 2021 година.
Програмата за Мобилизација на заедницата и мониторинг на изборните ветувања има за цел да се зголеми ангажманот на заедницата за прашања што се релевантни за конкретни заедници. Делот од програмата за спроведување мониторинг опфаќа период од 6 месеци, односно од 1 ноември 2022 до април 2023. Собраните податоци од спроведениот мониторинг на единиците на локалната самоуправа се претставени во матрица за мониторинг што се пополнува секој месец за конкретна област на приоритети за која мобилизаторите во заедницата спроведуваат мониторинг во разни општини.