Кој што кочи? Работилница за практики за заштита и реинтеграција на жртвите на семејно насилство

Млади од политички партии

На 24 јули во Куманово беше одржана работилница во рамките на проектот “Кој што кочи?”, иновативна иницијатива на Теодора Димитровска која ги истражува факторите кои ја кочат имплементацијата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и претставува повик до локалната заедница за подобрување на механизмите за заштита и реинтеграција на жртвите во општествената заедница.

На работилницата учесниците најпрвин беа запознаени со законските надлежности кои ги има општината во поглед на социјалната заштита која треба да ја обезбеди. Понатаму, слушнавме примери од страна на предавачите за тоа какви позитивни практики постојат во општините во другите држави кои на еден едноставен, но ефикасен начин овозможуваат не само намалување на бројот на жртви на семејно насилство, туку и побрза рентеграција на жртвите во општествената заедница. Учесниците беа активно вклучени во текот на целиот настан, а како главен заклучок кој што го добивме од учесниците беше дека знаат многу случаи на семејно насилство кои жртвите или не ги пријавуваат, или, пак, по пријавувањето се соочуваат со неефикасност на системот и страв дека сепак нема да добијат соодветна заштита од локалните органи кои се задолжени за давање на истата.

 

Галерија