Да ги штитиме и промовираме природните убавини!
Ова е каузата за која нашиот мобилизатор Ardonit F Ismaili ќе се залага да ги информира и да ја подигне свеста кај граѓаните преку иновативната иницијатива „Шар – Наш природен дом“.
За оваа цел, вчера се одржа Инфо сесија на тема „Предизвици по прогласувањето на дел од Шар Планина за Национален парк“.
Присутни беа Хисен Џемаили – директор на Дирекцијата за животна средина при Министерството за животна средина, Љуљјета Адеми – натуралист и советник на претседателот Стево Пендаровски за вклучување, Метин Мухареми – ментор и претседател на Платформата за пријатели на Шар и Неџбедин Халити – претседател на невладина организација ЕкоНатира.