Заедничка конференција на ДИК, ИФЕС и ОДИХР во Северна Македонија: Информирани гласачи - Стратегии за ефективна едукација и информирање

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани, Работилници и обуки

Во пресрет на локалните избори 2025, успешно ја одржавме меѓународната конференција „Информирани гласачи: Стратегии за ефективна едукација и информирање“, ко-организирана од Државната изборна комисија, Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), како и ОДИХР преку проектот „Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан“.
Конференцијата имаше за цел да поттикне дијалог за клучните аспекти на информирањето и едукацијата на гласачите, обединувајќи ги сите релевантни чинители од земјата, како и да даде осврт на клучните изборни препораки на ОДИХР. Вклучивме експерти од државата, регионот и Европа кои споделија свои перспективи, искуства и иновативни пристапи.
Главни теми на конференцијата:
Информирањето и едукацијата на гласачите како темел за градење доверба
Улогата на дигиталните алатки и социјалните медиуми во обликувањето на изборните наративи
Инклузивен пристап и таргетирана комуникација со недоволно застапените групи

Галерија