Дискусија: Вклученоста на младите во креирање политики

Млади од политички партии

На 14 јули 2021 година се собравме да разговараме со младите за младински прашања.

Младински претставници од различни институционални нивоа ги искажуваа своите размислувања и нивниот напор за вклучување на младите во телата за донесување одлуки и борбата за правата на младите.

Покрај нив присутни на оваа тркалезна маса беа и млади лица кои го презентираа своето гледиште на темата и им поставуваа прашања на панелистите.

Панелисти за оваа дискусија беа:

  1. Артина Ќазими – најмладата пратеничка и член на Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Северна Македонија
  2. Gjорѓи Тасев – Советник за млади и младинска политика на премиерот на Северна Македонија
  3. Филип Ивановски – службеник за млади во Министерството за Култура
  4. Филип Темелковски – градоначалник на општина Кисела Вода

Ние како проект ќе продолжиме да иницираме и организираме што е можно повеќе вакви настани, каде што младите ќе можат да ги споделуваат своите мисли и проблеми од секојдневниот живот.

Заедно за подобра иднина!

Галерија