Повторно бевме со Академијата за јавни политики! Го завршивме третиот модул насловен „Медиуми и комуникации за време на локални избори“. Во текот на викендот, нашите учеснички и учесници:
– учеа како да ги совладаат медиумите и комуникацијата за време на избори;
– вежбаа настап на камера и користење на социјалните мрежи;
– дебатираа со искусни новинари;
– ги обликуваа своите документи за јавни политики преку ангажман во локалните заедници.