Патеки за сите

Во централниот градски парк во Битола недостасува соодветна тартан патека за трчање, поради што спортистите и рекреативците се принудени да трчаат по нерамен терен, што го оштетува паркот и ги зголемува ризиците од повреди. И покрај зголемениот интерес за трчање и активните спортски клубови, сè уште не постои формален план за подобрување на инфраструктурата.
Во рамките на оваа иницијатива ќе се спроведат анкети со заедницата, теренски проценки, и ќе се подготви технички и финансиски план за изградба на тартан патека. Јавната кампања со учество на позната локална личност ќе помогне да се зајакне поддршката за инвестиции во спортска инфраструктура.
Очекуваните резултати се однесуваат на постоење јасни докази за барањата на граѓаните, подготвен предлог за реализација, и засилена соработка помеѓу граѓаните, спортските клубови и локалната самоуправа.