Преку ангажирање на младите, жените и Ромите, „Евротинк“ ќе ја подигне нивната свест за потенцијална злоупотреба на административните ресурси во изборните единици бр. 1 и бр. 3, во соодветните општини. Покрај мониторингот ќе бидат спроведувани и едукативни активности и активности за подигнување на свеста. „Евротинк“ ќе ги промовира активностите со користење на детални инфографици на социјалните медиуми, како и со одржување на две прес-конференции на кои ќе се презентираат и дискутираат најважните наоди и препораки.