Граѓанската организација „ЛАГ Агро Лидер“, покрај мониторингот, ќе организира и две инфо-сесии во заедницата за злоупотреба на административните ресурси, со цел да се подигне свеста на локалните заедници во изборните единици бр. 4 и бр. 5. Тимот, исто така, ќе го поттикне граѓанскиот дијалог со различни локални чинители и ќе им ги објасни правните и етичките стандарди во изборниот процес на граѓаните на Долнени и Струмица.