Мониторингот на злоупотребата на административните ресурси ќе се одвива во општините во изборните единици бр. 1 и бр. 2. Покрај мониторингот, организацијата ќе преземе и активности за подигнување на јавната свест и едукација, вклучувајќи и информативни сесии за лицата со попреченост и повозрасните граѓани за изборните права и одговорноста во јавниот сектор, придружени со информативни летоци во достапен формат за лицата со попреченост и другите ранливи групи.