Дигитално плаќање

Ограничените можности за плаќање на јавните услуги во Битола, кои се сведени на само две локации, се причина за долгите редици и големите непријатности, особено за постарите лица, лицата со попреченост и жителите на оддалечени населени места. Недостатокот на информираност за алтернативните начини на плаќање, како и дигиталниот јаз, дополнително ги отежнуваат предизвиците околу пристапот.
Оваа иницијатива има за цел целосно да се мапираат овие предизвици преку теренско истражување, анкети, интервјуа и фокус групи со граѓаните, давателите на јавни услуги и дигиталните експерти. Ќе бидат истакнати пречките со кои се соочуваат ранливите групи, како и родовите аспекти на дигиталната исклученост.
Главната цел е да се подигне свеста, да се поттикне дијалог меѓу засегнатите страни, и да се подготват препораки засновани на податоци за подобрување на пристапноста. Овие сознанија може да послужат како основа за идни решенија, како што се киосци за самостојно плаќање кои работат 24/7 или инклузивни дигитални платформи, прилагодени на потребите на заедницата.