Општината Демир Капија, која обезбедува услуги на 3,777 жители, се соочува со предизвици околу транспарентноста, навременото споделување информации, и инклузивното граѓанско учество. На повеќето жители им недостасува пристап до тековни општински информации, додека каналите за пријавување и ангажман со локалните власти се ограничени. Комуникацијата често се одвива преку телефон или лични посети кои не се по мерка на жителите од оддалечените области, кои имаат предизвици поврзани со мобилноста или ограничено време на располагање.
Неодамна спроведената фокус група покажа дека граѓаните се чувствуваат отсечени од процесот на донесување одлуки и имаат потреба од попристапни и модерни начини за интеракција со општината. Поради таквата отсеченост се намалува довербата, граѓанскиот ангажман, а решавањето проблеми се оддолжува.
За да се одговори на таквата состојба, со оваа иницијатива се предлага едноставна мобилна апликација што ќе им овозможи на граѓаните да ги пријавуваат проблемите со давање опис на проблемот и споделување слики, поднесување идеи, контактирање со вработените во општината и добивање навремени известувања. Оваа алатка има за цел да се зголеми транспарентноста, отчетноста, двонасочната комуникација, и партиципативното управување во насока на поефикасно решавање на проблемите во заедницата.