Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.
Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.