Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.
Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.