Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот кој вети поправка на патот од село Галате до Врапчиште. Селото Галате е планинско село, во руралната општина Врапчиште. Жителите на селото долго време се соочуваат со инфраструктурни проблеми, особено со патот до Врапчиште од каде можат и да се поврзат со две поцентрални општини – Гостивар и Тетово. Даденото ветување сеуште не е исполнето и поради тоа 1300 жители на селото имаат потешкотии за стигнување до околните урбани места. Со исполнување на ова ветување, овие жители би имале полесен и поквалитетен живот, и полесен пристап до услуги и бенефиции. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: анкета со жители на општина Врапчиште, интервјуа со засегнати страни со изготвено видео од истите, дисеминација на информативни флаери