Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.
Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.