Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на предизборното ветување поврзано со ревитализација на туристичкиот локалитет Голак. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: интервју со градоначалникот на општина Делчево; граѓански форум; дебати со засегнати страни и носители на одлуки; петиција за ревитализација на туристички локалитет Голак; тркалезна маса и слично.
Темата на локалниот мониторинг е креирањето физибилити студија за развој на туристичкиот центар Голак и решавањето на имотно правните односи на лицата кои имаат купено градежни парцели на Голак.