Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на имплементација на општинската Програма за заштита на животната средина, вклучувајќи и развој на нови зелени површини, управување со отпад и изградба на велосипедски патеки. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн на дигитална апликација за мапирање и означување на дрвјата во Велес и нови локации за садење дрвја; три јавни настани со локални и национални власти и засегнати страни, невладини организации и граѓани; дизајн на веб-страница за промоција на резултатите од мониторингот; организација на конкурс за доделување награди за млади и слично.
Темата на локалниот мониторинг се активностите за заштита на животната средина предвидени со програмата на општината.