Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев за да се подобри движењето на лицата со телесен инвалидитет на сите делови во овие училишта. Со тоа ќе се постигне поголема инклузивност на лицата со телесен инвалидитет во образовните установи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Јавна презентација во општина Аеродром, промоција преку социјалните мрежи и платени реклами, платени објави на веб портали.