Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за замена на претходно постоечкото улично осветлување со поекономично ЛЕД осветлување кое треба да придонесе за енергетска ефикасност на општина Демир Хисар. Ова е од особено значење во период на економска и енергетска криза. Придобивките од реализација на ова ветување ќе бидат за целокупното локално население, но и за граѓаните кои што секојдневно го користат регионалниот пат Битола – Кичево. На овај начин би се овозможила многу поголема видливост и безбедност на улиците „Битолска“ која е главна улица и “1ви мај” која е најдолга и најфреквентна улица, особено поради фактот што на неа се наоѓаат локални дуќани и мали бизниси. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Кампања на социјални медиуми (инфографици); дистрибуција на информативни флаери; Јавен настан.