Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборното ветување за зголемување на сместувачките капацитети во градинките. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: организирање на форуми на заедницата за потсетување на граѓаните и локалните власти на изборното ветување; потпишување и поднесување петиција до градоначалникот и Советот на општина Прилеп; креативна/герила акција за потсетување на градоначалникот и локалната самоуправа на ветената заложба за проширување/изградба на три нови предучилишни објекти (градинки).
Темата на локалниот мониторинг е изградбата на капацитети за згрижување на децата во предучилишна возраст.