Со оваа иницијатива ќе се мониторира отчетноста и реализацијата на изборното ветување на ДОМ за искоренување на менструалната сиромаштија. Во предизбоната програма, во делот кој се однесува на правата на жената , како и во “Национална стратегија за родова еднаквост 2021-2026”, се ветува дека ќе се изборат за искоренување на менструалната сиромаштија. Една од алатките за тоа е секое девојче вклучено во редовниот образовен процес да добива бесплатен пакет на менструални производи секој месец. Во меѓувреме, во изминатата година советничката од редовите на ДОМ се избори во минатогодишниот буџет да влезе ставка за бесплатни менструални производи за секоја ученичка од средните училишта на територија на Скопје. Но, од информациите досега ниту една ученичка нема добиено бесплатен пакет менструални производи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: постови на социјални мрежи, герила акција, media show room.