Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на конкретно прашање поврзано со спортската сала во општина Шуто Оризари. Иако спортската сала е изградена, таа не е отворена и ставена во функција. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: тркалезна маса со засегнатите чинители и претставници на општината; локална кампања за презентирање на резултатите од мониторинг активностите и други активности насочени кон вршење притисок врз локалната самоуправа и зголемување на мобилизацијата на засегнатата заедница.
Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за ставање во функција на изградената спортска сала.