Целта на иницијативата е да се подигне свеста и знаењето за важноста од прогласувањето на дел од Шар Планина за Национален парк.
Оваа мерка исто така е дел од официјалната владина програма 2020-2024 и ќе биде адресирана преку инфо сесија / отворена дискусија со службени лица од Министерството за животна средина, еко активисти, службени лица од општините, граѓани.
Во рамки на иновативната иницијатива исто така ќе се организира и јавање коњи во некои делови на Шар Планина каде што екологистите и биолозите ќе споделуваат информации за флората и фауната на Шар Планина за време на патувањето. Исто така, овој настан ќе се снима и промовира на социјалните мрежи.
На денот на карневалот во селото Бозофце ќе се организира дополнителна промоција на иницијативата. Иницијативата исто така ќе ја идентификува и промовира алпинистичката патека над селото Камењане.