Оваа иновативна иницијатива содржи две цели. Првата е Зголемување на нивото на свесност кај граѓаните за Оперативниот план 2021 година. Втората цел е охрабрување на невработените граѓани, особено на младите, проактивно да ги користат програмите и мерките предвидени со Оперативниот план.
Досега собраните информации укажуваат на недостаток на информации и свесност на граѓаните во врска со постојните мерки и програми. Во таа смисла, за да се мобилизира и подигне свеста на младите во врска со оваа мерка, ќе бидат спроведени низа активности како што се: инфо сесија (и) со засегнатите членови на заедницата; видео кампања / подкасти за промовирање на мерките за (само) вработување; таканаречена „Човечка библиотека“; и различни активности за промоција и видливост. Се надеваме дека ова ќе резултира со зголемен интерес и ангажирање на граѓаните во однос на даденото ветување на Владата.