Оваа иновативна иницијатива е создадена за решавање на долгогодишниот проблем со незнаењето и небрежноста на тврдината Кале во Тетово, една од најголемите културни и историски знаменитости на градот. Со намера да придонесе за унапредување на јавната свесност за неговата важност, иницијативата ќе се обиде да ги идентификува решенијата и финансиските инструменти што можат да ги користат општинските власти за да го спасат овој културен објект од распаѓање и да го претворат во културен и младински центар. Спомената цел може да се постигне само преку имплементација на различни активности и истражувачки методи кои ќе дадат конкретни предлози, 3-Д дизајн и визуелизација и видео промоција со барање јавна поддршка и вклучување на ова важно прашање во партиските програми за локалните избори.