Иницијативата е создадена со цел зголемување на транспаретноста на користењето на јавните средства во Општина Битола преку истражување на дигитализацијата за бројот на општинските услуги. За целите на оваа иницијатива ќе се спроведе истражување, а потоа и граѓански дијалог меѓу граѓаните и општинските власти за да се измери нивото на задоволство од услугите на локално ниво, степенот на дигитализација, факторите што влијаат на нивната (не)способност да користат дигитални услуги, нивното учество во планирањето на општинскиот буџет и информација за имплементацијата на буџетот во општината. Наодите и препораките за подобрување од сеопфатното истражување се очекува да бидат искористени за програмата за локалните избори на политичката партија.