Subject: 69
Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Образложение: Предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа (автомат клубови, обложувалници, казина) не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски 36 објекти. Дополнително, со Предлог законот ќе се зајакнат одредбите кои се однесуваат на приредувачите на игри на среќа од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.