Subject: 63
”1):Ќе го зголемиме процентот на заштитени подрачја преку валоризација на подрачја за заштита
и ревалоризација на заштитени подрачја (Шар Планина, Осоговски Планини, Ченгино Кале,
Охридско Езеро, Студенчишко Блато, Водно, Кањон Матка и др.). Планот на Владата е Шар
Планина да се развива како национален парк. Ќе се продолжи со идентификација на предлог
подрачја во рамки на процесот за воспоставување на Европската кохерентна еколошка мрежа
Натура 2000.
2)Иницијативата се спроведува согласно Законот за природа. Со
донесување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за
заштитено подрачје во категоријата националерн парк ќе се
пропишат категоријата на заштита за заштитеното подрачје,
географски карактеристики и други основни обележја, картографски
приказ со граници на заштитеното подрачје, типовите на зони во
заштитеното подрачје и границите на зоните, режим на заштита,
субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за
прогласување. (Предлог-закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено
подрачје – 2021)”