Subject: 58
”Програмата на Владата 2021 – 2024 Еднакво општество за сите
Веруваме во вредностите на толеранцијата, правичноста, еднаквите можности,
признавање на различностите, во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација. Веруваме
во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во
одлучувањето и постигнување општествена кохезија Програмата на Владата за 2021 1. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви
можности на жените и мажите
Усогласување со новите ЕУ директиви во делот на еднаквост и
недискриминација и во насока на поефикасна легислатива за родова
еднкавост. Унапредување на родовата машинерија согласно
препораките на Комитетот за елиминација на сите форми на
дискриминација на жените. Воспоставување на правен основ за
Ресурсен центар (тренинг центар) за родово одговорно буџетирање и
родови политики. 2. Предлог – Национален акциски план за родова еднаквост 2021-2023 година
Образложение: Воспоставување на ефективен и ефикасен систем на постигнување
родова еднаквост, преку функционални механизми за поддршка на
национално и локално ниво, хармонизирани индикатори за мерење
на прогресот на родовата еднаквост и обезбедена родова разделена
статистика.”