Subject: 44
Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на
среќа и за забавните игри. Образложение: Предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа
и за забавните игри имаат за цел утврдување на оддалеченост на
деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа (автомат
клубови, обложувалници, казина) не помалку од 500 метри од
основни и средни училишта, високообразовни институции и верски 36
објекти. Дополнително, со Предлог законот ќе се зајакнат одредбите
кои се однесуваат на приредувачите на игри на среќа од аспект на
висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.