Мониторинг на Програмата на Владата на РСМ

Јануари-Март

Април-Јуни

Јули-Септември

Октомври-Декември

Легенда:
континуиран напредок или оствареност
придвижување или делумен прогрес
нема напредок
нема податоци

*Прочитај повеќе: Заклучоци од спроведениот мониторинг на мерките во рамки на Програмата на Влада 2021 – Прва генерација мобилизатори

Првата генерација мобилизатори на заедницата ја сочинуваа 16 млади лица од сите развојни региони во државата.

Тие, во период од 6 месеци (октомври 2020-март 2021) активно мониторираа 16 мерки кои се вклучени во Програмата на Владата, а кои се однесуваат на 6 области  и тоа:

  • Образование
  • Социјални прашања
  • Правда
  • Култура
  • Економија
  • Здравство

Втората генерација мобилизатори на заедницата ја сочинуваат 24 млади лица кои од април до декември 2021, активно го следат исполнувањето на мерки/ветувања дадени во Програмата на Владата, кои се однесуваат на 9 области. Покрај шесте области кои беа опфатени и од првата генерација, втората генерација мобилизатори дополнително мониторираат и во следните области:

  • Екологија
  • Евро-интеграции
  • Јавна администрација.

Сите мерки кои се предмет на мониторинг може да се најдат во официјалната Програма за работа на Владата 2020-2024 година.

За секоја од избраните мерки се дефинираше посебен систем за мониторинг и оценка на остварувањето на дадената мерка во кој се вклучени информации за мерката која се следи, индикатори по кои ќе се следи таа мерка, методите за прибирање информации, изворите на информации како и динамиката за собирање на информациите. Повеќе за методологијата за мониторинг може да најдете на следниов линк.

При визуелизација на наодите од мониторингот, а како симбол за оствареноста на мерките се користи семафор.

Зелената боја означува значителен напредок, високо ниво на развој, напредно ниво на оствареност на мерките/индикаторите.

Жолтата боја означува средно ниво на развој, делумен напредок.

Црвената боја означува непостоење на никаков напредок во поглед на реализација на мерката/индикаторот.

Опфатот на следењето е ограничен согласно капацитетите на мобилизаторите, како и ресурсите кои им се ставени на располагање во процесот вклучително и ограничениот временски период од 7 месеци.

Токму заради ограничениот опфат на следењето напоменуваме дека некои од податоците може да се несеопфатни и да не ги вклучуваат активностите кои се спроведени или се во процес на реализација. Намерата е да се поттикне имплементација на оние мерки и активности во Програмата на Владата за кои е потребна ургентна акција, а е констатирано дека не се преземени позначајни активности во периодот на следењето.