Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:1) Програма на Влада 2021-2024: Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија – Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки БПМС секоја работна задача кон вработените ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување, со што ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата, а унапредувањето и наградувањето ќе се базира на реални показатели и придонес. Владата планира до крајот на 2021 година да воведе БПМС систем, во најмалку 30% од органите на државната управа, а до крајот на 2024 година системот ќе биде воведен во сите органи на државната управа. 2) Програма за 2021: Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување. Владата на Република Северна Македонија планира до крајот на 2021 година го воведе овој систем во најмалку 30% од вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа.
Мобилизатор: Елена Ридова- Индикатор 1.Број на органи на државната управа.
Вкупно има 86 органи на државната управа.
- Индикатор 2.Број на органи на државната управа во кои е воведен електронски систем.
Електронски систем е воведен во 8 органи на државната управа. ВО МП иако системот е воведен не се користи бидејки не се дефинирани процесите по кои треба да се работи.
- Индикатор 3.Процент на органи на државна управа во кои е воведен електронски ситем.
Вкупно 9.3% од органите на државната управа имаат воведен електронски систем.
- Индикатор 4.Број на административни постапки кои се автоматизирани во секој од органите на државната управа.
Автоматизирани се вкупно 26 административни постапки, а дополнително отпочнати се и постапки во 4 други институции. Согласно информацијата за дигиталната трансформација бројот на услугите на Националниот портал за е-услуги во моментот е 137.Во МОН има вкупно 8 административни постапки а во МТСП вкупно 11 административни постапки. орена јавна набавка за одржување на системот на еСДП во чиј состав ќе има и план за развој на автоматизирани постапки.
- Индикатор 1.Број на органи на државната управа.
-
Извадок од програма на Влада:ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2020-2024 Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија, стр 37. параграф/точка (6) Еден Центар за услуги (ЕЦУ) во секој град по примерот на ЕЦУ во Скопје. Сега фокус ќе ни се десетте најбарани услуги од страна на граѓаните, од кои еден дел ќе финишираат со целосно електронски продукт (на пр. уверенијата од матичните книги). Програма на Влада 2021 година, месец Јуни, иницијатива со среден приоритет стр 329 Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 година. 4.2.5. Воведување на центри „Една точка за услуги“ ‐ намалување на точките за контакт помеѓу корисниците на услуги и институциите преку воведување центри „Единствена точка на услуги“ (“”Single Point of Services””), анализа на искуствата од пилот проектот и додефинирање на концептот, како и постепено зголемување на бројот на услугите кои се нудат на овој начин стр 56.
Мобилизатор: Нергин Сејфовски- Индикатор 1.Број на општини во кои се планира отворање на ЕТУ.
Во 2021 нема да се отворат нови ЕТУ.
- Индикатор 2.Број на ЕТУ кои се отворени.
Нема нови информации за овој индикатор.
- Индикатор 3.Број на услуги кои се нудат во ЕТУ.
Ревидирани е бројот на услуги кои се нудат во ЕТУ како што следува:Скопје е 104 услуги, Куманово е 63 услуги, Тетово е 55 услуги, Охрид е 54 услуги, Битола е 55 услуги. Посредување за е-услуги 55, Асистирање/помош за е-услуги 143, Информации за административни услуги 687 .
- Индикатор 1.Број на општини во кои се планира отворање на ЕТУ.