Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Додатокот за семејна грижа во згрижувачки семејства ќе го зголемиме за 30%.
Мобилизатор: Александар Митаноски- Индикатор 1. Зголемување на додатокот за семејна грижа во згрижувачки семејства (Да/Не)
Со донесувањето на новиот закон за социјална заштита врз основа на кој е донесена одлука за утврдување на цените за социјалните услуги за вон-семејна заштита за 2020 месечниот надомест за згрижување се зголеми за 30%. Согласно програмата на новата Влада треба да има и дополнително зголемување од 30% кое не е до сега реализиранио.
- Индикатор 2. Процент на зголемување на додатокот според категорија на згрижени деца
Од 2020 според информациите на МТСП има зголемување на надоместокот за 30%, за секоја категорија на згрижено дете. Зголемувањето е направено соогласно законските измени и одлуки од Законот за социјална заштита донесен во 2019. Согласно програмата на новата Влада треба да има и дополнително зголемување од 30% кое не е до сега реализиранио.
- Индикатор 3. Број на нови згрижувачки семејства
Во моментов добиената бројка е 292 згрижувачки семејства. Најголем број во Скопје, Македонски Брод и Крушево.
- Индикатор 1. Зголемување на додатокот за семејна грижа во згрижувачки семејства (Да/Не)
-
Извадок од програма на Влада:За полесно остварување на своите права сите лица кои што се регистрирани во националниот регистар на лица со попречености ќе имаат единствена идентификациона картичка преку која ќе имаат бесплатен пристап до услуги. Покажуваме дека ги почитуваме правата на лицата со попреченост. Наша цел е да го ратификуваме Договорот од Маракеш во насока на остварување на правата на лицата со попреченост.
Мобилизатор: Дарко Таскоски- Индикатор 1. Воспоставен Национален регистар (Да/Не)
Идентификувано е дека воспоставувањето на Национален Регистар за лица со попреченост е во почетна фаза, но е стопирано поради Ковид пандемијата, но ќе продолжи со имплементација и ќе биде финализиран најкасно до крајот на мандатот на оваа Влада. Идентификувано е дека Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост заедно со МТСП ги планира проектите и политиките , меѓу кои и националниот регистар на лица со попреченост. Проектиран е буџетот на МТСП за 2021, нема ставка за Национален регистар за лица со попреченост.
- Индикатор 2. Број на регистрирани лица во Националниот регистар
Нема податоци за број на регистрирани лица во Националниот регистар на лица со попреченост. До сега се направени 356 функционални проценки на лица со попреченост.
- Индикатор 1. Воспоставен Национален регистар (Да/Не)