Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:"Заради надминување на постоечките проблеми утврдени во Извештајот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР на Република Северна Македонија за предвремените парламентарни избори во јули 2020 година, ќе се земат предвид препораките во наведениот Извештај при изготвување на измените и дополнувањата 56 на законот. "
Мобилизатор: Херолинд Сакипи- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
Согласно изјавата на Министерот за правда постигнат е меѓупартиски договор за спроведување на препораките на ОБСЕ (ОДИХР), но не е постигнат договор за изборен модел. Доколку не се постигне договор за промена на изборниот модел за локалните избори, дијалогот ќе продолжи по изборите и ќе започне процес на изготвување на нов Изборен законик.
- Индикатор 2. Број на препораки на ОБСЕ-ОДХИР кои се земени во предвид при изработка и измена на Изборниот законик
Прашањата поврзани со функционирањето на ДИК, финансирањето на партиите и медиумското известување се земени во предвид, а во голема мера и другите препораки на ОБСЕ / ОДИХР
- Индикатор 3. Усвоени измени на Изборниот Законик во Собранието /Примена на препорака
"Донесена е промена во Изборниот законик за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите кој ќе се реализира со терминалот за отпечатоци од прсти. Идентификувано е дека откако првиот тендер е поништен, Државната изборна комисија распиша нов тендер за терминали за отпечатоци од прсти за локалните избори. ДИК направи избор на претседатели и членови на општински изборни комисии. Претседателот и членовите на општинските изборни комисии беа избрани на транспарентен начин по случаен избор од државата администрација. Седницата беше пренесувана во живо на каналот на државната изборна комисија на ЈуТјуб. ( Сите реализирани активности се дел од препораките на ОБСЕ/ОДХИР/2020 година)."
- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
-
Извадок од програма на Влада:"Програмата на Владата 2021 - 2024 Еднакво општество за сите Веруваме во вредностите на толеранцијата, правичноста, еднаквите можности, признавање на различностите, во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација. Веруваме во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето и постигнување општествена кохезија Програмата на Владата за 2021 1. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите Усогласување со новите ЕУ директиви во делот на еднаквост и недискриминација и во насока на поефикасна легислатива за родова еднкавост. Унапредување на родовата машинерија согласно препораките на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените. Воспоставување на правен основ за Ресурсен центар (тренинг центар) за родово одговорно буџетирање и родови политики. 2. Предлог - Национален акциски план за родова еднаквост 2021-2023 година Образложение: Воспоставување на ефективен и ефикасен систем на постигнување родова еднаквост, преку функционални механизми за поддршка на национално и локално ниво, хармонизирани индикатори за мерење на прогресот на родовата еднаквост и обезбедена родова разделена статистика."
Мобилизатор: Беса Зиба- Индикатор 1.Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
Отпочнато градење на капацитети за воведување родова еднаквост во спортот, одржани настани на темата родова еднаквост. Отпочна со рабтоа комисија за родова еднаквост при олимпискиот комитет.
- Индикатор 2. Отворање на сервиси за заштита на жртвите 10 нови сервиси (стр. 4).
"Во моментот функционираат овие сервиси за заштита на жртви: - Полошки регион – Тетово - Југозападен регион – Охрид - Источен регион – Штип, Кочани - Североисточен регион – Куманово - Вардарски регион – Велес, Свети Николе, Кавадарци - Пелагонски регион – Прилеп, Битола - Скопски регион Се очекува отворање на нови сервиси во нови градови во земјата."
- Индикатор 3. Работен јаз, креирање на политики и мерки за вработување (стр. 8)
И покрај најавените мерки за намалување на јазот во политиките за вработување кај мажите и жените, констатација на истражувањата и студиите е дека пандемијата многу негативно се одрази врз жените како и сите мерки кои беа ппревземени како на пример затворање научилишта, градинки, настава онлајн и сл. Формирана е национална платформа за женско претприемништво преку која се овозможуваат бескаматни креидит за бизнис идеи од жени.
- Индикатор 4. Систем на поттикнување на родова еднаквост преку функсионален механизми за подршка, на национално и локално ниво.
Донесен Оперативен план со активни мерки за вработување
- Индикатор 5. Стратегија за родова еднаквост 2021-2026
Отпочнат процес на изработка на стратегија за родова еднаквост. Општините проактивни кон изготвување стратегии за родова еднаквост. Општина Битола отпочна процес на изработка на стратегија
- Индикатор 1.Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
-
Извадок од програма на Влада:"Ќе предложиме закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која ќе можат досегашните комунални инспектори и Еко патроли заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности: одлагање на отпад на места кои не се предвидени за тоа: создавање на диви депонии од градежен и мешан комунален отпад, палење на гуми и останати високоштетни материи, палење и уништување на контејнери и сл. со мандатни казни. Комуналната полиција ќе почна да функционира во 2021."
Мобилизатор: Иван Ристов- Индикатор 1.Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција
Не се добиени информации
- Индикатор 2. Тек, опфат и резултати од процесот на формирање комунална полиција
Не се добиени информации
- Индикатор 3. Функционалност на законот за комунална полиција
Комуналната полиција не е се уште формирана.
- Индикатор 1.Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција
-
Извадок од програма на Влада:За една година речиси ќе преполовиме број на инспекторати, а ќе го дуплираме бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција.
Мобилизатор: Иван Ристов- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ;
Според веб страната на Инспекциски совет има 17 инспекторати, но се уште не е добиена офцијална информација од достаевното БИЈК.
- Индикатор 2. Number of employees in the Environmental Inspectorate;
Не се добиени одговори на БИЈК.
- Индикатор 3. Number of employed environmental inspectors.
Не се добиени одговори на БИЈК.
- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ;
-
Извадок од програма на Влада:" 1)Во првата година од мандатот, Владата ќе понуди структурна реформа на системите за управување со кризи и заштита и спасување преку реорганизација, опремување и обука на оперативните тимови за брза интервенција. Овие сегменти претставуваат фундамент во изградбата на отпорно општество од кризи и катастрофи. Тоа се покажа и во текот на кризната и вонредната состојба предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Во првата половина од мандатот ќе го реализираме системот за повици „112“ 2)Реконструкцијата на објектот на Центарот за управување со кризи во Куманово ќе овозможи воспоставување Центар за обука. Со тоа се создавааат услови за организирано планирање и реализација на обуки, вежби и други активности со кои ќе се обезбеди зголемување на координацијата, ефикасноста и благовремената реакција на учесниците во Системот за управување со кризи (член 29 став 2 од Законот за управување со кризи). Реконструкцијата на објектот исто така ќе овозможи еден дел од истиот да се адаптира за 24/7 работа на подрачното одделение на ЦУК во Куманово, со што трајно се решава со простор за работа, како и адаптација на еден дел од објектот за потребите на Е-112 системот предвидени за предметното подрачје."
Мобилизатор: Фламур Џемаили- Индикатор 1.Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово
Реконструкцијата е планирана во првиот, вториот и третиот квартал, избрана е компанија за надзор и отворен е меѓународен тендер за изведба на градежни работи. Во цук Куманово е инсталиран оперативен систем 112 кој ќе работи 24 часа.
- Индикатор 2.Износ на обезбедени средства во буџетот за реконструкција на објектот
Нема добиени одговори на испратеното БИЈК.
- Индикатор 3.Опфат и реализација на активности во центарот за обука
Не се отпочнати активности
- Индикатор 1.Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово