Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Ќе понудиме државни квоти за постдипломски студии во државата за оние студенти кои имаат завршено додипломски студии според ЕКТС за да можат да стекнат 240 кредити. Освен стипендирање на студентите на додипломски студии, ќе воведеме и стипендирање на магистерски студии од дефицитарните струки, како и стипендирање на талентирани студенти што ќе овозможи задржување на младите да студираат во земјата.
Мобилизатор: Рената Пенчова- Индикатор 1. Број на дефицитарни факултети
Не е добиен одговор од МОН на барањата за информации и затоа нема нови наоди.
- Индикатор 2. Број на студенти на дефицитарни студии
Не се добиени нови информации.
- Индикатор 3. Број на предвидени стипендии за 2021
Последниот конкурс од МОН:Прва група – 1.470 стипендии, Втора група:- 800 стипендии,85 стипендии за информатика,15 стипендии за македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности, Трета група: 500 стипендии од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, 100 стипендии по хемија, физика и математика, 30 стипендии предучилишното воспитание, основното и средното образование. Добиена информација за 50 стипендии за мастер студии за природно - математичките и технолошко-техничките факултети.
- Индикатор 4. Вредност на предвидените стипендии за 2021 во МКД
1 група: 6.050мкд 2 група: 6.050мкд 3 група:18.000мкд 4 група: 6.050мкд. Сумата на мастер стпендијата би изнесувала 9 000 денари за 9 месеци во текот на студирањето за студентите.
- Индикатор 5. Доделени стипендии за 2021 година
15 стипендии за трет циклус. 14 стипендии за втор циклус студии за академска 2021/2022 година. 1 група 1.473 стипендии вкупно. 2група 703 за државни и 48 стипендии за приватни универзитети. 3група државни 487 државни 20 приватни. 4група 12 стипендии. ИТ студии 64 стипендии. Македонски јазик 6 стипендии. Математика 21. Хемија 34. Физика 15. Стипендии за Роми 65+46. Вкупно се 3.023 стипендии според информацијата од МОН
- Индикатор 1. Број на дефицитарни факултети
-
Извадок од програма на Влада:Информација за Предлог – проект „Дигитализирање на Европска младинската картичка.
Мобилизатор: Игор Стојков- Индикатор 1. Број на млади кои ја користат Европската младинска картичка
Согласно одоговор на БИЈК има околу 6000 корисници на младинска картичка.
- Индикатор 2. Број на бизниси кои ја користат Европската младинска картичка
Нема нови информации за овој индикатор.
- Индикатор 3. Опфат и тек на постапката за дигитализација за Европската младинска картичка
Република Северна Македонија стана членка и пристапи кон Делумната спогодба за младинска картичка со цел промовирање и олеснување на мобилноста на младите во Европа
- Индикатор 1. Број на млади кои ја користат Европската младинска картичка
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе ги финансира нашите најдобри ученици и студенти. Ќе обезбедиме финансиска поддршка на ученици и нивни ментори за учество на меѓународни олимпијади и натпревари, а со закон ќе обезбедиме и парични награди за првите три освоени места. Ова веќе е започнато преку Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР каде што направивме посебна програма за поддршка на учеството на младите на натпревари и научни саеми. Ќе креираме награда за млади научници.
Мобилизатор: Вулнет Махмути- Индикатор 1. Број на ученици и студнети кои ја искористиле мерката
Пријавени се 6 средношколци и 5 наставници, наградени се 5 средношколци и 5 наставници
- Индикатор 2. Износ на финансии кои се одобрени и потрошени преку ФИТР програмата за оваа мерка во текот на 2021
Нема нови информации за овој индикатор.
- Индикатор 3. Споредба на потрошени средства во 2020 година и колку средства се одвоени за оваа мерка за 2021 година
* За 2020 има - 4,487,000.00 мкд
- Индикатор 4. Процент на ученици и студнети кои на анкетата изјавиле дека се информирани за мерката и знаат како да ја користат
Спроведена е онлајн анкета. Според информациите од анектираните лица, голем дел од учениците не се информирани за мерката.
- Индикатор 1. Број на ученици и студнети кои ја искористиле мерката