Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Ќе продолжиме со инвестиции во културната инфраструктура при што во неколку града ќе формираме Младински културни центри, како специјализирани институции кои ќе ги развиваат културните потреби на младите луѓе, со цел да го подобриме квалитетот на нивниот живот да ги задржиме во земјата. Зависно од потребите тоа ќе бидат мултимедијални центри со простори за повеќе намени: кино сала, театарска сцена, сцена за концерти, изложбен салон, куглана, бифе или бизнис-кафе простор итн.
Мобилизатор: Мартина Јачевска- Индикатор 1. Донесена одлука за формирање на Младински културни центри
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер доставен од АМС: Сгласно член 22 став 3, младинските центри се отвараат во соработка со општините и младинските форми. Законска обврска е во рок од пет години секоја општина да овозможи функционирање на младински центар на нејзина територија. Одлука за отварање на младинските центри нема но Предвидени се да се отворат 4. Во моментот тече постапка за набавка на опрема.
- Индикатор 2. Отпочната постапка за формирање младински културни центри на локално ниво
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер доставен од АМС: Во моментот тече постапка за набавка на опрема.
- Индикатор 3. Алоцирани средства за формирање на младински културни центри
Во текот на 2020 година алоцирани средства за отворање на младинските културни центри се 2540000.00 денари, додека за 2021 година се предвидени 2000000.00 денари.
- Индикатор 1. Донесена одлука за формирање на Младински културни центри