Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:До крајот на 2020 година ќе ја дефинираме десетгодишната Стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе побараме собраниска широка поддршка за неа – на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.
Мобилизатор: Ардита Асани- Индикатор 1. Дали е изработена и усвоена Стратегијата за издвојување и инвестиции во здравството
Не се добиени податоци во врска со подготвена Сратегија за издвојување и инвестиции во здравството, ниту за отпочната постапка.
- Индикатор 2. Колку инвестиции се предвидени за 2021
Не се добиени податоци за износот на инвестиции за 2021.
- Индикатор 3. Колку од предвидените инвестиции започнале во периодот јануари-февруари 2021
За периодот октомври - декември 2020 не се прибираат информации за овој индикатор.
- Индикатор 1. Дали е изработена и усвоена Стратегијата за издвојување и инвестиции во здравството
-
Извадок од програма на Влада:Здравството и Ковид 19 - Во мерката ќе се следат ветувањата кои беа дадени од Владата во програмата за подобрување на условите во здравството, односно следење на сите мерки за превенција од вирусот кои се преземаат од страна на Владата за евентуален следен бран.
Мобилизатор: Катерина Николовска- Индикатор 1.Воведени нови мерки за превенција од Ковид 19 каде целна група се граѓаните на РСМ
Воведени се вкупно 4 нови мерки во периодот октомври- декември 2020 и тоа: воведување на задолжителна самоизолација од моментот на тестирање до моментот на добивање на резултати (прекршок е 50 евра); Забрана на групирање на јавни простори повеќе од 4 лица после 21ч (прекршок 500 евра); Скратување на на работното време до 21 часот на угостителските објекти. Заради зголемениот обем на работа и потребата од дополнителен персонал, Владата донесе одлука за вклучување на војската. Во текот на декември беа издадени препораки да не се групира населението во време на празниците.
- Индикатор 2.Воведени нови мерки за справување со Ковид 19 кои се однесуваат на здравствените работници
Нема нови ефективни мерки. При вакцинација приоритет ќе се даде на здравствените работници.
- Индикатор 3.Воведени нови мерки за справување со Ковид 19 кои се однесуваат на образовниот процес
Во однос на образовниот процес има една нова мерка и тоа воведена е он лајн настава за сите млади во основно и средно образование освен за децата на воздраст од 1 до 3 одделение.
- Индикатор 4.Постоечки мерки кои се изменети, дополнети, а кои се однесуваат на превенција и справување со Ковид 19
36.966 прекршоци на неносење маска. Дополнета е оваа мерка со измена и воведување задолжително носење маска и на отворено и на затворено. Дополнета е мерката за угостителските објекти кои во периодот од 18 декември до 20 јануари работат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше претходно.
- Индикатор 5.Воведени мерки во координација со земјите во регионот
Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија (на 9 Ноември е потпишан Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19) можат да патуваат без ПЦР тест. Граѓанин на една од овие земји ако се затекне заболен на територијата на друга земја ќе му биде пружена медицинска помош и ќе биде лекуван во истата земја, а трошоците ќе им бидат покриени од неговата матична земја
- Индикатор 1.Воведени нови мерки за превенција од Ковид 19 каде целна група се граѓаните на РСМ