Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:"1):Ќе го зголемиме процентот на заштитени подрачја преку валоризација на подрачја за заштита и ревалоризација на заштитени подрачја (Шар Планина, Осоговски Планини, Ченгино Кале, Охридско Езеро, Студенчишко Блато, Водно, Кањон Матка и др.). Планот на Владата е Шар Планина да се развива како национален парк. Ќе се продолжи со идентификација на предлог подрачја во рамки на процесот за воспоставување на Европската кохерентна еколошка мрежа Натура 2000. 2)Иницијативата се спроведува согласно Законот за природа. Со донесување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк ќе се пропишат категоријата на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја, картографски приказ со граници на заштитеното подрачје, типовите на зони во заштитеното подрачје и границите на зоните, режим на заштита, субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување. (Предлог-закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје - 2021)"
Мобилизатор: Ардонит Исмаили- Индикатор 1. Опфат и тек на процесот на ставање на Шар Планина во привремена заштита до донесување на Законот .
Донесен е Законот за прогласување на Шар Планина како Национален парк.
- Индикатор 2. Опфат и вид на подготвени еколошки политики и други активности од општините кои припаѓаат во реонот на Шар планина
Управата за животна средина отпочнува со план за управување и политики на општините за Шар Планина како национален парк.
- Индикатор 3. Донесени документи и процедури со кои се регулира улогата на општините врз основа на законот за Шар планина како национален парк
Се уште нема податоци за донесени документи и процедури со кои се регулира улогата на општините во заштитата на Шар Планина како Национален парк.
- Индикатор 1. Опфат и тек на процесот на ставање на Шар Планина во привремена заштита до донесување на Законот .