Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:„Со цел да се надминат постоечките проблеми идентификувани во Извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори на Република Северна Македонија за предвремените парламентарни избори во јули 2020 година, препораките во Извештајот ќе бидат земени во предвид кога ќе се подготвуваат 56 измените од законот.“
Мобилизатор: Herolind Sakipi- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
Значаен дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се усвоени.
- Индикатор 2. Број на препораки на ОБСЕ-ОДХИР кои се земени во предвид при изработка и измена на Изборниот законик
Донесен Изборниот законик по скратена постапка. Не е прифатен моделот на отворени листи.
- Индикатор 3. Усвоени измени на Изборниот Законик во Собранието /Примена на препорака
Препораките на ОБСЕ/ОДИХР се делумно земени во предвид. Одредбите за биметриска идентификација на гласачи се во имплементација. Не се земени предвид препораките во врска со прагот на потребни потписи за независните кандидати.
- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
-
Извадок од програма на Влада:"Програмата на Владата 2021 - 2024 Еднакво општество за сите Веруваме во вредностите на толеранцијата, правичноста, еднаквите можности, признавање на различностите, во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација. Веруваме во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето и постигнување општествена кохезија Програмата на Владата за 2021 1. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите Усогласување со новите ЕУ директиви во делот на еднаквост и недискриминација и во насока на поефикасна легислатива за родова еднкавост. Унапредување на родовата машинерија согласно препораките на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените. Воспоставување на правен основ за Ресурсен центар (тренинг центар) за родово одговорно буџетирање и родови политики. 2. Предлог - Национален акциски план за родова еднаквост 2021-2023 година Образложение: Воспоставување на ефективен и ефикасен систем на постигнување родова еднаквост, преку функционални механизми за поддршка на национално и локално ниво, хармонизирани индикатори за мерење на прогресот на родовата еднаквост и обезбедена родова разделена статистика."
Мобилизатор: Беса Зиба- Индикатор 1.Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
Продолжуваат едукативни активности на спортските федерации за родова еднаквост во спортот. Комисијата за родова еднаквост во спортот најави скоро претставување на својата програма за родова еднаквост во спортот.
- Индикатор 2. Отворање на сервиси за заштита на жртвите 10 нови сервиси (стр. 4).
7 од планираните 10 сервиси се во завршна фаза но не се отворени. Се очекува отворање до крајот на годината.
- Индикатор 3.Работен јаз, креирање на политики и мерки за вработување (стр. 8)
Нема посебни мерки за ублажување на родовиот јаз во политиките за вработување. Повеќе истражувања даваат препораки за мерки со цел намалување на родовиот јаз.
- Индикатор 4.Систем на поттикнување на родова еднаквост преку функсионален механизми за подршка, на национално и локално ниво.
Унапредување на аспектот на родово одговорно буџетирање на локално ниво преку активности на општините во таа насока. Исто така Комисијата за родова еднаквост при Влдата е активирана во едукативни активности на оваа тема.
- Индикатор 5.Стратегија за родова еднаквост 2021-2026
/
- Индикатор 1.Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
-
Извадок од програма на Влада:"Ќе предложиме закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која ќе можат досегашните комунални инспектори и Еко патроли заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности: одлагање на отпад на места кои не се предвидени за тоа: создавање на диви депонии од градежен и мешан комунален отпад, палење на гуми и останати високоштетни материи, палење и уништување на контејнери и сл. со мандатни казни. Комуналната полиција ќе почна да функционира во 2021."
Мобилизатор: Иван Ристов- Индикатор 1.Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција
Не се добиени информации
- Индикатор 2. Тек, опфат и резултати од процесот на формирање комунална полиција
Не се добиени информации
- Индикатор 3. Функционалност на законот за комунална полиција
Комуналната полиција не е сеуште формирана.
- Индикатор 1.Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција
-
Извадок од програма на Влада:За една година речиси ќе преполовиме број на инспекторати, а ќе го дуплираме бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција.
Мобилизатор: Иван Ристов -
Извадок од програма на Влада:" 1)Во првата година од мандатот, Владата ќе понуди структурна реформа на системите за управување со кризи и заштита и спасување преку реорганизација, опремување и обука на оперативните тимови за брза интервенција. Овие сегменти претставуваат фундамент во изградбата на отпорно општество од кризи и катастрофи. Тоа се покажа и во текот на кризната и вонредната состојба предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Во првата половина од мандатот ќе го реализираме системот за повици „112“ 2)Реконструкцијата на објектот на Центарот за управување со кризи во Куманово ќе овозможи воспоставување Центар за обука. Со тоа се создавааат услови за организирано планирање и реализација на обуки, вежби и други активности со кои ќе се обезбеди зголемување на координацијата, ефикасноста и благовремената реакција на учесниците во Системот за управување со кризи (член 29 став 2 од Законот за управување со кризи). Реконструкцијата на објектот исто така ќе овозможи еден дел од истиот да се адаптира за 24/7 работа на подрачното одделение на ЦУК во Куманово, со што трајно се решава со простор за работа, како и адаптација на еден дел од објектот за потребите на Е-112 системот предвидени за предметното подрачје."
Мобилизатор: Фламур Џемаили- Индикатор 1.Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово
На седница на Влада разгледана и усвоена информацијата за поддршка од САД во реконструкција на објект на Центарот за управување со кризи во Куманово.
- Индикатор 2.Износ на обезбедени средства ви буџетот за реконструкција на објектот
Обезбедени 500.000 долари од Владата на САД и 180 000 денари од Буџет на Владата на Република Северна Македонија и Центарот за управување со кризи.
- Индикатор 3.Опфат и реализација на активности во центарот за обука
нема нови наоди
- Индикатор 1.Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово