Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Отварање на 6 нови гранични премини со соседите: Стрезимир-Рестелица (со Косово), Мајден- Промахи и Маркова Нога (со Грција), Клепало (со Бугарија), Лојане-Миратовац и Голеш- Босилиград (со Србија), и Џепиште-Требиште (со Албанија).Покрененување на иницијативата за Регионален центар за дијалог – Преспа форум. Регионалeн форум за добрососедство и решавање на билатералните прашања, но и форум од каде ќе произлезат нови инцијативи за регионална соработка. Во рамките на форумот е планирано поддржување на процесот на формирање на канцеларии за младинска соработка МК-ГР, како и сите активности и проекти на канцелариите кои ќе овозможат размена на искуства и поврзување на младите од двете земји. Фокусот на мониторингот ќе биде на 1) процесот на отворање на граничниот премин со Република Грција - Маркова Нога и 2) изградбата на Регионалниот центар за дијалог - Преспа форум
Мобилизатор: Ана Клесова- Индикатор 1. Реализирани активности кои треба да доведат до отворање на граничниот премин Маркова нога на границата со Република Грција
Во кварталниот период јануари - март 2021 година нема конкретни презмени активности за отворање на преминот Маркова Нога.
- Индикатор 2. Реализирани активности за изградба на Регионалниот центар за дијалог - Преспа форум
Во каварталниот период јануари - март 2021 година добиени се информации за отпочнати активности во рамки на Иницијативата Преспа форум за подготовка на форумот,како и за сорабтока со граѓански организации. Отворени се регионални младински канцеларии во Крушево и Валандово.
- Индикатор 1. Реализирани активности кои треба да доведат до отворање на граничниот премин Маркова нога на границата со Република Грција
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе предложи измени во Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени листи уште при следните локални избори. Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии
Мобилизатор: Масар Жаку- Индикатор 1. Конкретни предлози за измени на Изборниот законик
Формирана е работна група за измени на Изборниот законик. Во постапка е изработка на измени во Изборниот законик во однос на финансирање на политичките партии, медиумско рекламирање, електронско гласање, гласање на лицата со попреченост и сл.
- Индикатор 2. Усвоени измени на Изборниот законик во Собрание
Не се поднесени амандмани за измени на Изборниот законик.
- Индикатор 1. Конкретни предлози за измени на Изборниот законик
-
Извадок од програма на Влада:За една година речиси ќе преполовиме број на инспекторати, а ќе го дуплираме бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција.
Мобилизатор: Лејла Кадриеска- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ
Нема укинати инспекторати во периодот јануари-март 2021.
- Индикатор 2. Број на вработени во инспекторат за животна средина и пазарна инспекција
Бројот на вработени административци во Инспкеторатот за животна средина се зголемил за 3 административци. Тенденцијата според мерката која се следи треба да биде зголемување на бројот на вработени инспектори, а не на административци.
- Индикатор 3. Број на вработени инспектори во инспекторат за животна средина и пазарна инспекција
Во кварталниот период јануари - март 2021 бројот на вработени инспектори во Инспекторатот за животна средина се зголемил за еден инспектор . Корекција на бројот на вработени во ДПИ на 174 според одговор на официјално барање.
- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ