Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:До крајот на 2020 година ќе ја дефинираме десетгодишната Стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе побараме собраниска широка поддршка за неа – на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.
Мобилизатор: Ардита Асани- Индикатор 1. Дали е изработена и усвоена Стратегјата за издвојување и инвестиции во здравството
Нема податок за усвојување на Стратегијата за инвестиции во здравството.
- Индикатор 2. Колку инвестиции се предвидени за 2021
Нема податок за износот на инвестиции за 2021.
- Индикатор 3. Колку од предвидените инвестиции започнале во периодот јануари-февруари 2021
Отпочната најавената вакцинација преку вакцинирање на медицинскиот персонал и возрасните лица.
- Индикатор 1. Дали е изработена и усвоена Стратегјата за издвојување и инвестиции во здравството
-
Извадок од програма на Влада:Здравството и Ковид 19 - Во мерката ќе се следат ветувањата кои беа дадени од Владата во програмата за подобрување на условите во здравството, односно следење на сите мерки за превенција од вирусот кои се преземаат од страна на Владата за евентуален следен бран.
Мобилизатор: Катерина Николовска- Индикатор 1.Воведени нови мерки за превенција од Ковид 19 каде целна група се граѓаните на РСМ
Воведени се нови мерки за ограничување на движењето на граѓаните, затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители. Целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање . Забрана за организирање на настани.
- Индикатор 2.Воведени нови мерки за справување со Ковид 19 кои се однесуваат на здравствените работници
Обезбедена прва доза вакцини за медицинскиот персонал.
- Индикатор 3.Воведени нови мерки за справување со Ковид 19 кои се однесуваат на образовниот процес
Донесен е протокол од МОН за организирање на државната матура.
- Индикатор 4.Постоечки мерки кои се изменети, дополнети, а кои се однесуваат на превенција и справување со Ковид 19
Отпочната вакцинација на населението од одредени професии како армија, новинари, наставници и сл.
- Индикатор 5.Воведени мерки во координација со земјите во регионот
Нема нови мерки, но продолжува секојдневната координација со земјите од регионот.
- Индикатор 1.Воведени нови мерки за превенција од Ковид 19 каде целна група се граѓаните на РСМ