Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Продолжување на субвенционирањето на придонесите за фирмите што ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари
Мобилизатор: Ајдоган Демири- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
Не се добиени информации.
- Индикатор 2. Број на апликации за искористување на субвенциите за задолжително социјално осигурување до УЈП
Не се добиени информации.
- Индикатор 3. Број на работодавачи што ја искористиле оваа мерка
21 613 за месец мај 2021.
- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
-
Извадок од програма на Влада:Износот на странските инвестиции го планираме на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години, со фокус на оние базирани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите.
Мобилизатор: Филип Ивановски- Индикатор 1.Износ на привлечени СДИ
Вкупниот износ на СДИ за второто тримесечје на 2021 изнесува 25,66 милиони ЕУР.
- Индикатор 2.Број на СДИ
Не се добиени информации за бројот на СДИ.
- Индикатор 3.Опфат и тек на процесот на донесување на предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за стратешки инвестиции во РСМ
Нацрт законот за стратешки инвестии ставен на јавен увид. Јавна расправа закажана за 7 април, но нема повратни информации за исходот од расправата.
- Индикатор 1.Износ на привлечени СДИ
-
Извадок од програма на Влада:Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Образложение: Предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа (автомат клубови, обложувалници, казина) не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски 36 објекти. Дополнително, со Предлог законот ќе се зајакнат одредбите кои се однесуваат на приредувачите на игри на среќа од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.
Мобилизатор: Ндерим Положани- Индикатор 1.Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Предлог Законот за игри на среќа и забавни игри е ставен на ЕНЕР за коментари. Познати се ставовите на бизнисте кои се директно засегнати од овој закон и не се согласуваат со предлог измените, додека нема информации за ставовоите на граѓаните и граѓанските организации.
- Индикатор 2. Број на објекти кои ги примениле новите одредби од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ќе се следи на локално ниво во општина Струга дали објектите постапуваат согласно барањата од законот)
Нема информација. Се уште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 3. Број на покренати постапки до страна на инспекциските служби (дали инспекторите постапуваат заради непримена на законот)
Нема информација. Се уште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 1.Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
-
Извадок од програма на Влада:Донесување предлог - оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 година.
Мобилизатор: Иван Дугутов- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето
Дефинирани се 8 главни групи на мерки - поддршка за самовработување; поддршка за креирање на нови работни места; обуки; обуки за развој на дигитални вештини; практикантство; програма за работно ангажирање; економија на грижа и исплата на младински додаток.
- Индикатор 2. Износ на средствата наменети за мерките во планот во МКД
Дефинирани износи на средствата за 4 мерки и тоа: За самовработување - до 307.500 денари или до 615.00 денари (второто е за правен субјект основан од два содружника); За субвенционирање на плати - 19.000 денари месечно како субвенција на плата за вработено лице за 3, 6 или 12 месеци;За вработување и раст на правни субјекти - поддршка за ново вработување до 460.000 денари/768.750 денари/1.000.000 денари; За вработување на лице со попреченост - 20 просечни плати. За остнати 4 мерки за обуки износот зависи од видот на обука. Превидени обуки за дигитални вештини, практикатство, програма за работно ангажирање и економија на грижа.
- Индикатор 3. Број на апликации поднесени за секоја од мерките Објавени повици за аплицирање по мерките
Објавени повици за аплицирање по мерките
- Индикатор 4. Број на корисници на мерките за вработување и самовработување
нема информации
- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето