Поддршка на политичките партии за подготовка на изборните програми

Истражувачки и аналитички центри

Претставници на 4-те Центри за истражување и анализа на политичките партии (ПИАЦ) и млади од политичките партии, имплементатори на Иновативните иницијативи, беа дел од интерактивна и интензивна обука за Инклузивно креирање политики, спроведено од Ијан Гил, меѓународен експерт за политички партии.

Обуката се фокусираше и обработи тема за креирање политики но од партиска гледна точка. Опфати теми и за внатрешно и надворешно комуницирање на предлог политиката и аплицирање на истата внатре во партијата. Знаењето и вештините од обуката учесниците ќе може да ги применат  во комуникацијата и интеракцијата со граѓаните но исто така и со партиските структури во насока на влијание врз Агендата на партијата.

Методологијата за обуката е базирана на сценарија, специфични примери и вежби изработени со интерактивен пристап и постојана ангажираност на учесниците.

ИФЕС преку проектот Поддршка на изборни реформи работи на зголемување на политиките изработени во консултација со граѓаните за следните локални избори.

 

Галерија