Една од заложбите од Преспанскиот договор е продлабочување на соработката на дипломатско ниво и помеѓу меѓуграничната соработка на жителите од населените места близу премините. Програмата на Владата ја адресира оваа заложба со тоа што повторно ќе го отвори граничниот премин „Маркова Нога-Лемос„ и ќе отвори Регионални центри за соработка и дијалог. Преку низа активноста нашата Мобилизаторка на заедницата Ана Клесова, ќе мобилизира млади луѓе од пограничниот регион и општините Струмица, Валандово и Гевгелија да отворат дискусија и разговараат за заеничките интереси и предизвици со кои младите се соочуваат и да идентификува можни начини за прекугранична соработка.
Првите две дискусии беа одржани со граѓаните од Гевгелија и Струмица. Ана сподели информација во однос на мерката за отварање на 6 нови гранични премини со соседите, односно отварање на граничниот премин со Република Грција – Маркова Нога и изградба на Регионалниот центар за дијалог – Преспа форум.
Учесниците покажаа интерес и отворија многу прашања, имајќи предвид дека соработката помеѓу соседите и заедничкото разбирање е значајно за нив, посебно за младите. Има доста можности кои се отвараат преку ваквите соработки, иницијативи, проекти, и активности за надминување на заедничките предизвици.
Следете не и понатаму и придружете и се на Ана Клесова доколку сакате да дознаете повеќе и да бидете дел од мониторирање на оваа мерка и ветување кое го донесе Владата на Северна Македонија.