Модул 2 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Младинско учество – застапеност, инклузија и демократска култура


Големина на фонт

Овој модул ќе се фокусира на зајакнување на капацитетите на младите претставници од политичките партии за унапредување на суштинското учество, застапеност и лидерство на младите во рамките на нивните партии и во поширокиот демократски процес. Преку комбинација од концептуални дискусии, лични сведоштва од искусни партиски претставници и анализа на локални и регионални студии на случај, учесниците ќе ги истражуваат формалните и неформалните патишта на политичко влијание и ќе ги идентификуваат бариерите кои често го ограничуваат учеството на младите. Модулот, исто така, ќе им помогне на учесниците да развијат практични вештини за застапување, комуникација и преговарање со цел унапредување на застапеноста на младите во процесите на донесување одлуки во рамките на партиските структури. Истовремено, ќе се поттикне размислување за демократските вредности како што се плурализмот, инклузивноста, дијалогот и почитувањето на различностите меѓу политичките партии. На крајот од модулот, учесниците ќе бидат охрабрени да ги преточат овие сознанија во практични иницијативи што ќе го зајакнат ангажманот на младите во нивните партии и заедници и ќе придонесат кон поинклузивна и попартиципативна демократска култура.

КОГА

од: 03-04-2026 16:00

до: 05-04-2026 14:00

КАДЕ

Хотел Лејквју Маврово / Hotel Lakeview Mavrovo

Останати настани

Модул 2 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Младинско учество – застапеност, инклузија и демократска култура

Иновативни иницијативи - политички партии , Млади од политички партии , Настани , Политички Партии

03-04-2026

Модул 1 на Академијата за јавни политики - петта генерација: Основи: Избори и интегритет

Иновативни иницијативи - политички партии , Млади од политички партии , Настани , Политички Партии

27-02-2026

Заштита на Демократијата и Изборниот Интегритет – Следење на Злоупотребата на Административни Ресурси, Политичкото Огласување и Кампањите од Трети Страни

Иновативни иницијативи - политички партии , Млади од политички партии , Настани , Политички Партии

17-02-2026